Њујоршкиот музеј Метрополитен вчера ја најави тематика на следната изложба на костими и на популарната Мет Гала, која што традиционално се одржува првиот понеделник од месец мај.
Следната година тоа ќе биде на шестиот ден од месецот, а изложбата ќе опфати некои од најстарите и ретко видени дизајнерски креации низ историјата.
Гостите кои што ќе присуствуваат ќе треба да го прилагодат својот стајлинг на темата Sleeping Beauties: Reawakening Fashion.
Самото име подразбира некои од најстарите зачувани дизајни од архивата на Метрополитен, кои со години не биле покажани, како што е на пример корсет од 17 век од ерата на Елизабета.
Музејот со оваа изложба ќе истапи од рамката на класично статично изложување на парчиња облека.
Тимот со помош на вештачка интелигенција и останати дигитални алатки креираше видео материјали преку коишто одредени креации ќе оживеат и посетилите ќе можат да ги видат.
Ендру Болтон главниот кустос на Институот за костими изјави дека на изложбата ќе бидат одвоени педесетина историски важни парчиња кои се премногу кревки за да можат да се носат.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста по Мет Галата, односно на седми мај а ќе може да се погледне се до втори септември 2024-та.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram