Миранда Кер е секси во фармерките на 7 for All Mankind

31 јули 2014

Австралискиот модел, Миранда Кер, која неодамна се разведе од шармантниот актер Орландо Блум, продолжува да работи во  полна пареа. Имено, таа е новото лице во рекламната кампања за есен-зима 2014 на брендот „7 for All Mankind“.

Ангелот на Викторија Сикрет секогаш изгледа бомбастично и мошне привлечно но, во оваа кампања Кер изгледа неверојатно секси.

Концептот на брендот за рекламната кампања есен-зима 2014 е опсесијата на жените со нивниот омилен пар фармерки. Видео записот носи наслов „Опсесија“ , а главната хероина, позира на кревет во топлес варијанта облечена само во модел на фармерки со потписот на „7 For All Mankind jeans“.

Сцената која буквално го привлече целото внимание и предизвика лавина реакции е моментот кога Миранда позира облечена во тантелен градник и фармерки, а шпанскиот модел Џон Кортахарена нежно и го бакнува голиот стомак. Но, видео приказната не изобилува само со провокативни секси кадри, туку 31-годишниот модел во некои секвенци можеме да ја видиме и целосно облечена  во парчиња на брендот.

Најголем впечаток остава фотографијата каде Миранда позира  во бела кошула и фармерки. Констатацијата на модните експерти беше дека кога станува збор за Кер воопшто не е важно дали е облечена или не, бидејќи таа и во едниот и во другиот случај знае како да ја освои камерата и да изгледа секси и посакувано.

„Соработката со „7 For All Mankind“, за мене беше навистина забавно искуство. Особено ми се допаднаа креативните идеи на режисерите во поглед на реализирањето на кампањата. Инаку мој омилен модел на фармерки од колекцијата на „7 For All Mankind jeans“ се „Boyfriend Jean“, бидејќи во горниот дел се широки и неверојатно комотни, а во делот околу глуждот се стеснуваат, па јас ги завратувам. Одлично изгледаат кога ги комбинирам со чевли на висока потпетица. Ми се допаѓа што можам да ги носам и во текот на денот во некоја кежуал варијанта, но од друга страна можам комплетно да ги носам и на вечерни забави. Нели е тоа прекрасно?“, вели Кер.

Во чантата на овој супер модел секогаш ќе најдете балсам за усни, телефон и кредитна картичка. Нејзино омилено парче облека се наметките, бидејќи може да ги комбинира буквално со сè, фармерки, миди здолништа, панталони... Но, исто така ги обожава и фармерките поради факторот на удобност и подвижност. Обожава да јаде темно чоколадо, а за да ја одржи нејзината линија во топ форма редовно посетува часови за балет и пилатес. Тоа и овозможува да си ја поврати силата и флексибилност на целото тело.

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Актуел