Миранда Кер во пролетнта кампањата на H&M

28 февруари 2014

По претставувањето на својата зимска ready-to-wear колекција на популарниот бренд H & М на Париската модна недела, конечно излезе долго очекуваната  рекламна кампања, каде главната улога на заводлива дива ја има ангелот на Викторија Сикрет, убавата Миранда Кер. Имено, моделот беше и специјален гостин на модниот перформанс на етикетата и седеше во првиот ред. Со цел да го задоволи љубопитниот моден апетит на својата верна публика брендот објави пет фотографии каде Кер ја промовира пролетната колекција за 2014 година.

Од приложените фотографии можеме да видиме дека етикетата остана верна на својот спортско елегантен стил, па не изостануваат ниту слатките здолништа, лелеавите кошули и блузи, но тука се и фармерките, кожените шорцеви, шармантните јакни и сакоа, сите со интересни и модерни кроеви што идеално се вклопуваат со актуелните модни трендови за пролетната сезона.

 

 

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Актуел