Миранда Кер промовира своја линија козметика

1 август 2013

Супер моделот Миранда Кер неодамна ја промовираше сопствената линија на козметика за кожа, а не ја пропушти ниту приликата некои од производите да ги сподели со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм.

Кер објави неколку фотографии од дружбата со новинарите што се одржа во нејзиниот двор. Колекцијата е насловена „Кора Органикс“, а за да ја покаже нејзината делотворност, Миранда на средбата се појави со многу малку шминка на лицето.

Објавено:
1 август 2013
Категорија: 
Актуел