На денешен ден е родена Миранда Кер, еден од најпознатите супермодели во светот.
Кер е по потекло од Австралија, а со манекенство почнала да се занимава од својата 13-та година.
Миранда ја достигнува својата голема слава во 2007-ма кога станува еден од ангелите на Victoria's Secret.
Од 2008 година, па наваму, Кер е постојано на листата Најдобро платени модели според Forbes.
Освен тоа Миранда е и успешен претприемач. Таа има свој бренд за органски производи за кожа наречен KORA Organics, а има напишано и книга за самопомош.
Кер беше мажена со англискиот актер Орладно Блум со кој што го доби својот прв син. Од 2017-та таа е во брак со извршниот директор на Snapchat Иван Шпигел, а парот заедно има две деца.
По повод нејзиниот 40-ти јубилеен роденден, го издвојуваме најдоброто од неа.
Фото:Pinterest