Миранда Кер е бремена со трето дете

30 март 2019

Познатата манекенка Миранда Кер денеска објави дека го очекува второто дете со нејзиниот партнер, основачот на Snapchat, Иан Шпигел.

Ова ќе биде трето дете за манекенката, по синот Флин кој го има со актерот Орландо Блум и 10 месечниот Харт кој го има со Шпигел.

Во изјава за Дејли Мејл, манекенката вели дека сите се многу возбудени за доаѓањето на новиот член во семејството.

Таа и Иан се венчаа во мај 2017 – тата во Калифорнија, а манекенката носеше прекрасна венчаница од Диор.

По раѓањето на нејзиниот син Харт, таа им се обрати на обожавателите на Инстаграм со пораката дека ниту една жена не треба да чувствува притисок дека треба да се врати во форма веднаш по раѓањето.

„Многу е важно ние жените да си дадеме време на себе и да внимаваме како се однесуваме со нашето тело. Ми требаше десет месеци да израснам прекрасно бебе, а можеби ќе ми треба уште толку за да се чувствувам добро во костим за капење. Или подолго. Или никогаш“, изјави манекенката неодамна.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
30 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.602 пати