Миранда Кер го очекува своето четврто дете

4 септември 2023

Еден од најпознатите супермодели и поранешен ангел на Викторија Сикрет, Миранда Кер, го очекува своето четврто дете.

Кер, 40 среќната вест ја сподели и на социјалните мрежи, откривајќи го и полот на бебето.

Австралиската манекенка и сопругот Еван Шпигел, кој е извршен директор на Snap Inc по трет пат ќе станат родители на момче.

Тие се во брак од 2017 година, а веќе се родители на пет годишниот Харт и Мајлс кој ќе прави четири години следниот месец.

Инаку Миранда со поранешниот сопруг, актерот Орландо Блум има и 12 годишен син.

Фото:Pinterest

Објавено:
4 септември 2023
Категорија: 
Сцена