Според новиот проект Five Kids пролетта пристигна и во детските плакари. Шест бренда се обединија и ги презентираа своите идеи за тоа што е тренд кога е детската облека во прашање и тоа Bang Bang, Wovenplay, Shampoodle, Mini Rodini, Popupshop и Oscar de la Renta. Како пренесува buro24/7, продавницата се наоѓа во Москва, а освен облека, содржи и обувки, детска козметика, играчки, книги и различен прибор, односно сè што им е потребно на децата.
Поволноста во понудата оди дотаму што продавницата содржи и производи за младите мајки и татковци.
Стела Аминова е мајка на пет деца е идејниот творец на проектот. Производите што можат да се најдат во Five Kids ги бира таа и тоа внимателно и врз основа на нејзиното искуство како мајка. Исто така, големо внимание посветува на разбирањето на децата, родителите и нивните заеднички потреби. Тоа значи дека во понудата се наоѓаат работи кои што истовремено се и модерни, но и практични и функционални.
Тоа го препознале и познатите дами и мајки како Миранда Кер и Сара Џесика Паркер, едни од нивните први клиенти.
Во продолжение погледнете што тие извојуваат како тренд за сезона пролет-лето 2015: