Забавна колекција за мајки и деца

17 мај 2014

Италјинскиот модел Елиза Седно следејќи го примерот на своите колешки, креираше своја капсулна колекција ексклузивно за онлајн продавницата Yoox.com. Меѓутоа, она што ја издвојува од останатите е тоа што оваа мини колекција е наменета за мајки и деца и сите парчиња меѓусебно може да се координираат поврзувајќи се во една забавна семејна приказна.

Линијата содржи парчиња за мајки, момчиња, девојчиња и бебиња и сите се рачно изработени од природни материјали, а покрај другото нивната продажба има хуманитарна нота: сите средства собрани од продажбата ќе бидат донирани за организациите кои им помагаат на децата во Египет.

„Најголемата инспирација при креирањето на колекцијата ми беа египетските бедуини. Што се однесува за кројот, се фокусирав на класичните летни силуети: долги здолништа, туники, пругасти фустани. Размислував и се мотивирав и од тоа како го облекував мојот син минатото лето, а тоа најчесто беа лесни и едноставни маички“, вели Елиза по повод лансирањето на својата прва колекција облека.

 

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Колекции