Новата колекција на Зара е создадена за малите трендсетери!

18 февруари 2014

Ни пристигна уште еден пресладок лукбук на познатиот бренд Зара – овој пат за најмилите!

Ние сме апсолутно сигурни дека дека многу млади мајки ќе се развеселат од оваа нова, апсолутно неодолива колекција за нивните бебиња за пролет 2014.

Преслатки мали фустанчиња, тренерки, маички и џемперчиња со детали како панделки, светки и цветчиња во пастелни бои се само дел од колекцијата.

Во истата ќе најдете и симпатични капчиња и чевличиња во бејби сина, но и бела боја. Колекцијата е како создадена за мали трендсетери!

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Колекции