Децата на блогерките во едиторијал на Зара

17 ноември 2014

Најновата колекција за деца, со потписот на Зара, веќе се наоѓа на полиците во сите продавници на шпанскиот моден бренд, а паралелно со тоа е објавен и лукбук насловен „Brothers & Sisters“(Браќа и сестри), кој презентира интересни идеи и модни комбинации за најмладите и најслатките.

Она што е особено интересно во поглед на концептот е дека за изработка на овој едиторијал, како главни протагонисти позираат децата на познатите блогерки. Нив  најчесто можеме да ги видиме на фотографии во разни списанија и портали, а според мислењето на стилистите спаѓаат во категоријата на модно освестени мајки.

Во овој есенски проект учествуваа децата на блогерките Блу Брд, Дениз Бове и Марија Ланг, а резултатот од соработката со Зара се опишува со само еден збор – пресладок! Какви се трендови ќе бидат актуелни во детската гардероба за оваа зимска сезона, погледнете во продолжение:

преземно од fashion.hr
Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија