Преслатки деца во новиот шармантен проект на Зара

15 март 2014

Освен женската и машка линија облека, шпанскиот комерцијален бренд Зара, оваа сезона големо внимание посветува на детската колекција, која овие денови доби неодолива рекламна кампања со најслатките модели- децата.

За полна ведра и весела визуелизација, одбрани се три блогерски семејства, чии деца од глава до пети се облечени во најновите парчиња од актуелната колекција. Темата од кампањата го претставува нивното секојдневие, кое навистина одлично го доловиле. Зара целиот проект го има спакувано во едноставна кампања насловена „Brothers & Sisters“, која несомнено ќе ги освои вашите симпатии.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Актуел