Мис Косово котира високо на изборот за Мис на Светот
•
11 септември 2013
Сепак според обложувалниците, најубава девојка во рамките на екс – Ју просторите е токму Антигона Сејдиу која освојува со природната и мистична убавина во секој поглед.
Мис Косово моментално се наоѓа на седмата позиција, на 21 место е Лана Гржетиќ од Хрватска, на 46 место е Александра Донкиќ од Србија, на 59 место е Сандра Гутиќ од БиХ, а нашата претставничка е на 72 место.
Изборот на Мис за Свет ќе се одржи на 28 септември, а обложувалниците работат со полна пареа во прилог за избор на најубава девојка во светот.