Моделот Андреј Пајмакоски во реклама за брендот Polinesia

16 јули 2024

Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси не остануваат незабележани.

Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia, каде што заедно со другите модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации, меѓу кои и на Кајмаканските Острови.

Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ, па несомнено е дека го ангажираат за добри брендови и кампањи.

"Светски, професионален и со неговата егзотична убавина, Андреј има што да покаже во интернационалниот моделинг. Ние сме секако горди и благодарни на неговите успеси кои ќе бидат запаметени во поновата модна историја." - велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

Објавено:
16 јули 2024
Категорија: 
Актуел