Нашиот успешен интернационален модел Андреј Пајмакоски додека престојуваше два месеци во центарот на светската мода – Милано, успеа да изработи неколку фантастични проекти помеѓу кои беше и модниот едиторијал за магазинот MOVEM во комбинации од модната куќа BOSS.
Фотографирањето беше реализирано на неколку локации во Милано, како најава за новата модна сезона.
„Пајмакоски е веќе подолг период присутен на интернационалната модна сцена , но сега веќе кога го застапува докажаната агенција ELITE дојдоа вистиннските проекти . Андреј е еден од ретките машки модели кои си го трасираше патот до големите светски метрополи. Под раководството и тимот на Марко Николиќ од ФОКС МОДЕЛС неговата кариера почна да движи по нагорна линија . Егзотичниот убавец со вистинските манекенски пропорции е одличен пример за сериозноста и професионалноста на машката модна сцена", велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.