Моден сублимат со потпис од Стокхолм

12 февруари 2014

Лондон, Милано, Њујорк и Париз имаат нов „ривал“, барем кога е модната недела во прашање. Со култен статус на одлична организација и неверојатни модни моменти се пофали уште еден град кој има тенденција да прерасне во нова модна лулка, Стокхолм. Кој вели дека скандинавски  земји се студени и дека немаат материјал за создавање модна платформа?

На модната недела во Стокхолм, свои модни перформанси имаа најдобрите 16 брендови во регионот. Исто така на големо изненадување на сите меѓу посетителите имаше голем број на познати модни уредници на списанија, магазини, потенцијални купувачи и познати личности од соседните земји. На Мерцедес Бенз модната недела во Стокхолм етикетите ги претставија своите колекции за сезоната есен-зима 2014/15. Во продолжение еве кои брендови ги имаа најдобрите претставувања.

 

 

1.H & М презентираше неверојатно жешки и одлично скроени модни комбинации.

Новата младешка амбиција во модниот свет, 24-годишниот Еди Анемијан кој победи на натпреварот за дизајн кој го организираше брендот H & М, во согласност со одлуката на жирито на чие чело стоеше дизајнерот Ердем покажа неверојатна модна енергија и кроеви кои се достојни за почит.

 

 

Слоевитите дизајни, острите рабови и прекрасните силуети каде доминантни беа волуменозните здолништа, беа прекрасни и презентираа инвентивна модна визија. Обожавателите и трендсетерките не можеа да дочекаат овие парчиња да стигнат во продавниците на етикетата, па побараа да ги купат директно од писта, но тоа не беше возможно. Особен интерес предизвика жолтото здолниште со широк круг.

 

 

2. AltewaiSaome

Изненадување за сите присутни беше модното шоу на брендот AltewaiSaome кои понудија вистинска естетика во спојот на класичната шведска наклонетост, извајана во чистите линии и едноставната структура на формите. Парчињата се неверојатно удобни за носење, а и во комплетна хармонија со актуелните трендови. Стилските детали, како колоритните чорапи и интересните ремени за половина, кои на суптилен начин ја стеснуваат фигурата и креираат неверојатна силуета во комбинација со одлично скроените модни изгледи предизвикаа воодушевување кај присутните.

 

 

3. Wyclef и J.Lindeberg

Дамска мода во машки стил. Боемски парчиња и модни визии кои нудат неверојатен комфор но и модерен изглед. Особено внимание предизвикаа шапките кои беа во федора стил, приспособени на андрогениот женски изглед. Вистинска женска револуција во машки комбинации.

 

 

4. Марија Нилсдотер, талентирана дизајнерка на накит.

Дизајнерско име кое собра голем број фанови, благодарение на уникатните изработки на накит. Особено популарни беа дизајните на прстени и круната од пердуви кои предизвикаа лавина од позитивни коментари. Доколку сакате прстените за вашата свадба да бидат оригинални и поинакви од сите други, тогаш понудата на Марија го има вистинското решение за вас.

 

 

 

5.Филипа К.

Едноставни, шик и преубави, погодни за носење, Филипа К. презентираше некои  од најдобрите модели на палта за наредната студена сезона. Урбан шик во комбинација со класична елеганција, права линија и кул дизајн.

 

 

 

6. Ида Кламборн и Шведскиот рапер Силвана Имам

Уште еден моден хит и плејада на интересни креации од лелеави материјали, контрастни бои и необични форми. Едноставни дизајни кои се удобни за носење со модерно користење на колор-блок дезенот.

 

 

7. Местото на „злосторот“, Бернс Хотелот

Ова е местото каде се случуваше модната магија. Просторен, луксузен, модерен, гламурозен, прав избор за манифестација од ваков тип.

 

 

 

8.Ен Софи Бек

Таа е шведска дизајнерка, чиј голем фан е популарната пејачка Ријана. Колекцијата која ја промовираше е игрива и е наменета за сите жени кои имаат смисла за хумор. Парчињата ги носат жени кои се облекуваат лично за себе, а не за некој друг. Голем феминист и борец за правата на жените, па затоа и нејзините модни приказни се секогаш моќни и заводливи.

 

Објавено:
12 февруари 2014
Категорија: 
Актуел