Моден викенд Скопје: Отворен повик за работилницата „Развој на моден бизнис“

20 февруари 2015

Сите модни дизајнери и дизајнери на модни додатоци имаат отворен повик да бидат дел од работилницата „Развој на моден бизнис“, што ќе се одржи од 27 – 29 март.

Ако сте од оние што сакате да го пласирате својот бренд на повисоко ниво, тогаш ова е вистинската работилница за вас.

Предавач ќе биде Жан Бутон, кој моментално е главен финансиски менаџер во модната куќа „Ристо“ на нашиот дизајнер Ристо Бимбилоски, кој преку 20 години веќе работи во Париз. Инаку, и Бутон доаѓа од Париз и има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект- менаџмент.

Жан Бутон Жан Бутон

Првиот ден од работилницата е фокусиран на продуктот. Ќе се дискутира за мапирање на бренд, создавање на компетентен тим и развој на капацитети. Предвидена е презентација на теми од типот: дефинирање на глобална стратегија, позиционирање на продукт и анализа на клучни компетенции.

Вториот ден ќе опфати идентификација и еваулација на трошоци, евалуација на идна продажба и кеш –менџмент, додека третиот ден ќе биде посветен на финансискиот аспект на модниот бизнис. Ќе бидат презентирани можности за финансирање, а фокусот ќе биде ставен на бизнис планот: како да се направи, како да се подобри и како да се искористи како можна алатка за понатамошен развој на брендот.

Предавањата во текот на трите дена ќе бидат од 9 до 12 часот, додека попладневните сесии ќе бидат од 13 до 16 часот, што ќе бидат искористени за лични консултации со предавачот.

Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:

 - Пополнета апликација – достапна на веб страната на Моден Викенд Скопје;

- Дигитално портфолио (PDF формат);

- Биографија и кратко мотивационо писмо;

- Една портрет фотографија во висока резолуција.

Инаку, работилницата ќе биде одржана на англиски јазик, а и сите документи за учество наведени погоре ќе треба да бидат напишани и доставени на истиот јазик.

Крајниот рок за пријавување е 12 март 2015 година (недела) на следната адреса: goran@fashionweekendskopje.mk;

Учесниците ќе бидат избрани од страна на тимот на Моден викенд Скопје и Жан Бутон.

Објавено:
20 февруари 2015
Категорија: 
Актуел