Пролетниот FWSK со поддршка против насилството врз жените

30 март 2015

DSC_9498

Инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега ! “, младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска креираа маички кои ќе бидат презентирани во рамките на Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април, кои беа презентирани на денешната дружба со медиумите во Beauty bar“.

DSC_9554

Својата поддршка кон кампањата ја дадоа и Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска кои ќе се појават во ексклузивен едиторијал на 8 април во списанието Теа Модерна, медиумски покровител на проектот . Фотографиите од фотосесијата се на Марко Марковски.

DSC_9548

10408821_742292425868141_4079249356490370851_n

Инаку, ова беше убав повод за претставување и на останатите проекти, односно едукативниот дел од програмата на оваа модна манифестација, која веќе стана традиција. Така, денеска на Скопски саем од 12 часот започна и видео конференцијата, насловена како „Топ златни правила за зголемување на продажбата“,на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии.

11030840_742294795867904_3776078953676397309_n

11049475_742295045867879_5656917291201678786_n

Бајле кој ќе зборува на споменатата тема, повеќе од две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace.

DSC_9518

На предавањето на Бајле освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија а индивидуални менторски сесии ќе имаат Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ , и претставници од „Линеа“ и „Саитис “.

Инаку, изминатиов викенд, во рамки на програмата на FWSK беше одржена и работилница на тема „Развој на моден бизнис“, под менторство на Жан Бутон. На тридневната работилница учествува Емилија Норис, Ирина Тошева, Лили Кадинска ( Ле Бренд ), Мелани Димитровска, Олгица Ѓоргиева, Росица Мршиќ, Симона Ристовска и Теа Пупкова.

За потсетување Жан Бутон доаѓа од Париз и има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од работилницата:

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Актуел