Се подготвува каталогот на FWSK за пролет-лето 2014

4 март 2014

Деновиве тимот на Модниот Викенд Скопје, го организираше фотографирањето на официјалниот каталог со кој ќе бидат најавени колекциите на македонските дизајнери кои ќе учествуваат на неговото деветто по ред издание.

Работните фотографии прикажуваат по еден модел од колекциите на дизајнерите  за пролет-лето 2014, со што веќе може да ги почувствуваме свежите вибрации кои ни ги испраќаат за трендовите за претстојната сезона.

Во новото издание на Моден Викенд Скопје, кое ќе се одржи од 1-ви до 6-ти април, ќе ги обедини природата, која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената  „Следна природа“- која е апсолутно динамична и непредвидлива.

Бобан Илиевски Бобан Илиевски

Елена Спасовска Елена Спасовска

Hard Тo Еxplain Hard Тo Еxplain

Ирина Тошева Ирина Тошева

Мила Кадриу Мила Кадриу

Никола Петровски Никола Петровски

Росица Мршиќ Росица Мршиќ

 

Продуцент: Светлана Богова Јовановска

Фотографија – Ани и Дими

Шминка :Официјален партнер за шминка и убавина „Cosmo“ во соработка со Зоран Шурбевски

Фризура : Брендот Rolland во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин

Кастинг директор: Ирина Илиевска

Кастинг асистент: Виктор Цветановски

Објавено:
4 март 2014
Категорија: 
Актуел