Модна ревија на Институтот „Изет Цури“ на 5. март

28 февруари 2020

"Добредојде Macedonia Welcome Centrе" (DMWC) во соработка со Француската амбасада на  5. март во Музејот на Народна борба ќе организираат модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури"-"Made in North Macedonia: Women's Skills"

Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури" е приватна образовна институција чија основна цел е да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија.

„Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само пет години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери со исклучително професионално изработени модни колекции под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти“, се вели во официјалното соопштение на институтот.

Објавено:
28 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
352 пати