Модни соработки посветени на мундијалот

1 јули 2014

Веќе пишувавме за тоа што значи СП во фудбал за спортските брендови. Но, ништо помалку мундијалот е инспиративен и за дизајнерите, што од естетска, што од финансиска гледна точка, а во продолжение ви претставуваме неколку од најинтересните и највпечатливи соработки.

Куфер од Луј Витон за пехарот

trophy-case-fifa-2014-3

Чантите што ги создава модната куќа Луј Витон се можеби најпосакуваните модели во светски рамки. Нив ги носат и жените и мажите, а благодарение на спортските дизајни што ги лансираше оваа модна куќа тие се и омилениот моден додаток на спортистите. По тој повод воопшто не треба да не изненадува одлуката што токму креативниот тим на модната куќа Луј Витон е одбран да ја дизајнира „футролата“ во која ќе стои трофејот за актуелното Светско првенство во фудбал 2014. Така додека во Бразил спортските страсти од ден во ден се повеќе се разгоруваат, тимот на модната куќа Луј Витон веќе го изработи куферот во кој ќе биде сместен трофејот за најдобриот светски тим. Имено, наградата во специјалниот куфер дизајниран од Луј Витон ќе пристигне на финалниот натпревар на првенството кое ќе се одржи на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро. Куферот истовремено се отвора од двете страни за да се нагласи флексибилноста на дизајнот, а ќе биде достапен и во продажба.

Колекција маици „Фудбалска треска“ од TEXTILE Elizabeth and James

Брендот TEXTILE Elizabeth and James креираше капсулна колекција маици специјално за Shopbop. Идејата е едноставна. Имате тим за кој навивате? Тогаш купете маица со натпис дека го сакате и споделете го тоа со светот.

lb_1

lb_2

lb_3

lb_4

lb_5

Колекција Wu Cup од Wu-Tang Clan

Тимот на Ви-Танг создаде знамиња, маици, капчиња, па дури и чорапи што ги обединуваат сите репрезентации. Всушност, преку своите модели сакаат да кажат дека фудбалот ги поврзува луѓето и создава нови пријателства. Погледнете ги нивните дизајни:

wu-cup-capsule-collection-1

wu-cup-capsule-collection-2

wu-cup-capsule-collection-3

wu-cup-capsule-collection-4

wu-cup-capsule-collection-5

Хеланки инспирирани од боите на репрезентациите

Најк, како и што се очекуваше не ја ограничи својата креативност и продукти само на репрезентациите. Така, тие создадоа и хеланки во четри верзии инспирирани од изгледот на дресовите на тимот на Бразил, Америка, Англија и Франција.

angleterre-nike

legging-France-coupe-monde

NTM_x_Brasil_2_detail

ntm-federal-9

NTM_x_Federation_Collection_2_detail

Соработка на Адидас со Farm Company

За СП во Бразил Адидас подготви три колекции. Едната се однесува на дресовите на репрезентациите, втората е на adidas Originals во соработка со бразилскиот бренд The Farm Company. Се работи за колекција на патики, маички, ранци, тренерки, шорцеви со тропски принтови, карактеристични на бразилскиот бренд, како и неговите логоа. Третата колекција е составена од маици со принтови, односно животни кои ги поврзуваме со одредена држава. Така, јагуарот се поврзува со Бразил, орелот со Германија...

collage1

collage2

collage3

collage4

collage5

Версаче го сака Бразил

За светското првенство во Бразил, Донатела Версаче креираше маица која ја претставува сета страст што ја предизвикува фудбалот. Исто така, го содржи и симболот на модната куќа - животински принт, златни синцири, цвеќиња и главата на Медуса.

t-shirt_hr_small

 

 

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Актуел