Луј Витон креираше специјален куфер за пехарот на Светското првенство во фудбал 2014

16 јуни 2014

Чантите што ги создава модната куќа Луј Витон се можеби најпосакуваните модели во светски рамки. Нив ги носат и жените и мажите, а благодарение на спортските дизајни што ги лансираше оваа модна куќа тие се и омилениот моден додаток на спортистите. По тој повод воопшто не треба да не изненадува одлуката што токму креативниот тим на модната куќа Луј Витон е одбран да ја дизајнира футролата во која ќе стои трофејот за актуелното Светско првенство во фудбал 2014.

После ова се чини дека спортот и модата имаат нераскинлива врска иако навидум не изгледа така.  Така додека во Бразил спортските страсти од ден во ден се повеќе се разгоруваат, тимот на модната куќа Луј Витон веќе го изработи куферот во кој ќе биде сместен трофејот за најдобриот светски тим. Имено, наградата во специјалниот куфер дизајниран од Луј Витон ќе пристигне на финалниот натпревар на првенството кое ќе се одржи на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро.

Спецификациите на овој модел на футрола се навистина неверојатно, имено куферот истовремено се отвора од двете страни за да се нагласи флексибилноста на дизајнот.

 

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Актуел