Модниот дизајнер Оскар де ла Рента почина на 82 години

21 октомври 2014

Легендарниот моден дизајнер Оскар де ла Рента кој половина век му го посвети на креирањето на совршени парчиња од високата мода, почина на 82 годишна возраст.

Неверојатниот уметник креираше фасцинантни парчиња за некои од најголемите жени во светот меѓу кои и Џеки Кенеди, но и многу први дами кои беа обземени од неговата работа.

Оскар де ла Рента во друштво на Одри Хепберн

„Секогаш ќе се сеќаваме на него како човекот кој им овозможи на жените да се чувствуваат убаво“, изјави поранешната дама на САД, Лора Буш која беше една од најголемите обожавателки на брендот.

Смртта на дизајнерот беше потврдена од неговата жена Анет де ла Рента, која посочи дека истата настанала како компликација од ракот што тој го имал и дека дизајнерот починал во понеделникот вечерта во својот дом во Конектикат, опкружен со неговото семејство и кучињата што ги обожувал.

„Единствената реалност во животот со која мора да се соочите е дека сте се родиле, живеете и еден ден ќе умрете“, изјави неповторливиот дизајнер во јуни 2013 – тата година.

Дизајнерот со Ана Винтур Дизајнерот со Ана Винтур

Токму тогаш, тој посочи и дека сите мислат дека ќе живеат вечно. Она што еден човек никогаш нема да го прифати, повтори тој, е фактот дека нема да живее вечно.

„Она што единствено треба да го знаеме и она поради што говорам за ваквите работи, е фактот дека сите мора да го цените секој ден од животот и да уживате во него“, изјави тогаш дизајнерот.

Дизајнерот со Опра Винфри Дизајнерот со Опра Винфри

Меѓу последните неверојатни креации што ги изработи дизајнерот, беше фасцинантниот венчален фустан на новата омилена холивудска девојка Амал Клуни, која блесна со сиот свој сјај на венчавката со Џорџ Клуни во Венеција.

Венчаницата на Амал Клуни Венчаницата на Амал Клуни

Дизајнерот неодамна ја лансираше и целосната колекција венчаници, од која дел беше и фустанот на Амал, за кој веруваме дека ќе биде едно од најпродаваните парчиња на сите времиња.

Подеднакво шармантна и неверојатна беше и пролетната колекција што дизајнерот ја претстави во рамки на годинешната модна недела во Њујорк, која по кој знае кој пат ги остави без здив сите негови обожавателки.

Дизајнерот со моделите од последната колекција на модната недела во Њујорк Дизајнерот со моделите од последната колекција на модната недела во Њујорк

Дека неговите креации ќе останат запаметени, сведочат и изјавите на некои од најголемите холивудски ѕвезди кои посочија дека и покрај смртта на дизајнерот, неговиот бренд, сега на чело со Питер Копинг, ќе продолжи да прави сите тие да се чувствуваат убаво!

Првата дама на САД Мишел Обама во креација на Оскар де ла Рента Првата дама на САД Мишел Обама во креација на Оскар де ла Рента

Во продолжение во галеријата, погледнете некои од највпечатливите моменти во животот на големиот дизајнер и некои од неговите фасцинантни креации!

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Актуел