Модните уредници на Вог како едукатори на „Вечер за мода 2013“

23 септември 2013

На 10-ти октомври годинава во Њујорк ќе се одржи еден од најпрестижните настани од модната индустрија, односно вечер посветена на модата или Fashion’s Night Out. На овој настан се собираат буквално сите, а низ улиците врие од луѓе кои чекаат ред да влезат во продавниците на познатите брендови каде се собрани манекенки, дизајнери, актери и модни уредници.

Оваа година уредниците на престижниот магазин Вог, Александра Шулман, Кејт Фелан, Лусинда Чамберс и други, модно ќе ги едуцираат сите вљубеници во модата, на тема како да се облечете оваа есен. Настанот е многу популарен и за овој ден толпа луѓе  чекаат ред да влезат на местото на случувањето. Во продолжение погледнете го видеото како изгледаше ланското издание на Fashion Night Out 2012.

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Актуел