Во Лондон повторно се враќа „Fashion's Night Out“

13 мај 2014

Изминатата 2013 година лондончани беа оставени без одржувањето на познатиот моден фестивал „Fashion's Night Out“. Настанот во времетраење од само една ноќ се одржа во Манчестер, но според најновите информации, оваа година повторно се враќа во британската престолнина.

Александра Шулман Александра Шулман

Модната уредничка на британски Vogue, Александра Шулман, изјави дека овој пат модниот фестивал „Fashion's Night Out“ ќе се одржи во Лондон на 23 септември. Центар на атракција за сите оние кои што сакаат да земат учество на овој настан организиран од страна на познатото списание ќе бидат популарните шопинг улици Оксфорд и Реџент Стрит. Во последно време на веќе прометните улици нови продавници отворија Карл Лагерфелд и Туми, а модниот бренд Лакоста пред извесно време го реновираше својот бутик.

Реџент Стрит Реџент Стрит

Прв пат овој настан се одржа во 2009 година во Лондон, во исто време кога се одржуваше и во Њујорк. Изминатата година „Fashion's Night Out“ прв пат е одржа во 28 градови низ светот вклучувајќи ги Сиднеј, Париз, Берлин и Москва, а во Америка организаторите решија да направат кратка пауза.

 

 

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Актуел