Москино слави роденден со нова колекција

19 септември 2013

moschino_784x0

Брендот Москино е основан во 1983 година, така што годинава слави 30 години постоење. Стилските карактеристики на куќата и реинтерпретацијата на темата ќе се најдат во новата мини колекција која ја креира Росела Жардин, креативниот директор на брендот.

Колекцијата ќе биде составена од бои кои се карактеристични за Москино а тоа се бела, црвена и црна. Симболите на куќата - срцето, риги, точки и златните синџири исто така ќе заземат почесно место во оваа роденденска колекција.

Мини колекцијата по повод роденденот ќе биде достапна од 21.септември, и тоа на онлајн продавницата на Москино, како и во продавниците во Милано, Рим, Париз, Берлин и Њујорк.

bag

belt-1

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Актуел