МРТ одлучи: Андреа ќе настапи, но се разгледува можноста од следната година Македонија да не учествува

11 мај 2022

По инцидентот со македонската претставничка на „Евросонг 2022", Андреа Коевска, откако при фотографирање на тиркизниот килим го фрли на земја националното знаме, Македонската Радио Телевизија денеска излезе со конечната одлука во однос на санкциите.

Според соопштението на јавниот сервис, сепак Андреа останува да ја претстави Македонија на годинешниот Евросонг, но се разгледува можноста од следната година нашата земја да не учествувана изборот.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:

-Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022", кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.
Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.
Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија" што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.

Објавено:
11 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.728 пати