Мулбери нема да учествува во модната недела во Лондон

25 ноември 2013

Lindsey-Wixson-Tim-Walker-Mulberry-F-W-2012-2013-7

Мулбери нема да се најде на списокот на учесници на модната недела во Лондон што треба да се одржи во февруари следната година. Дел од причините е и потрагата по нов уметнички директор. Ема Хил беше претходно на тоа место и тоа цели шест години, но се поздрави со модната куќа во септември месец.

Компанијата се уште нема уметнички директор и затоа учеството на модното шоу во Февруари нема да биде остварено, стои во соопштението на брендот.

Како и да е, Мулбери сепак ќе успее да биде дел од лондонската модна недела, но деталите ќе бидат откриени во блиска иднина.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Актуел