Мулбери остана без извршен директор

20 март 2014

Модната куќа Мулбери од денеска е без извршен директор. Францускиот бизнисмен Бруно Гилон кој две години беше на оваа функција, а претходно во Ермес, даде неотповиклива оставка.

Откако тој беше назначен за извршен директор на куќата, брендот изгуби две третини од неговата пазарна вредност.

Од модната куќа информираат дека сѐ додека не се најде соодветната личност која ќе застане на чело на брендот, на функцијата ќе дојде моменталниот шеф и претходен извршен директор Годфри Дејвис кој според многумина, беше успешен во она што го работеше.

Се чини, многу е мал бројот на компетентни луѓе кои би застанале на чело на најважните функции во компанијата. Во 2013, Ема Хил си замина од фукнцијата креативен директор во Мулбери, а на нејзино место, сѐ уште не дошол никој.

Откако во 2012 и се придружи на модната куќа, Гилон ги крена цените на парчињата од брендот и го намали бројот на нивните добро познати ВИП забави, со што сакаше индустријата да ги смета за сериозни и луксузни „играчи“.

Минатата сезона, модната куќа го откажа и своето учество на лондонската модна недела, а наместо тоа, направи добра маркетиншка кампања со познатата Кара Делевињ во која таа ја откри својата колекција чанти.

Објавено:
20 март 2014
Категорија: 
Актуел