Џил Сандер има нов креативен директор

29 април 2014

Родолфо Паглиалунга е именуван како нов креативен директор на модната куќа Џил Сандер. По неколку месечни шпекулации за тоа кој ќе го преземе кормилото на етикетата, стигна и официјалното соопштение. Паглиалунга претходно беше директор на женскиот оддел од производството на Прада, како и креативен директор на Вионет. Своето деби за Џил Сандер тој ќе го има во месец септември годинава на миланската модна недела каде ќе ја прикаже својата дизајнерска визија за пролет-лето 2015 година.

-Тој е најсоодветниот дизајнер за да запише нови страни од приказната на Џил Сандер, вели Алесандро Кремонес главниот извршен директор на брендот и додава дека Родолфо ги има сите карактеристики и искуство да ги воведе во нова насока што сепак ќе ги застапува и суштинските својства.

Џил Сандер колекција пролет 2014 година Џил Сандер колекција пролет 2014 година

-Јас сум почестен што имам ваква можност за оваа нова професионална улога. Имам безгранична почит кон брендот и силно верувам во нивните чисти визии и вредности. Луксузот, софистицираноста и иновациите ќе ја донесат куќата на следно ниво , изјавува дизајнерот.

Секако, тој ќе ги следи стапките на Раф Симонс, кој беше на чело на етикетата од јули 2005 до февруари 2012 година.

 

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Актуел