Десет модни брендови кои направија успешен камбек на модната сцена

16 јуни 2014

Тоа значи дека голем дел од нив започнале навистина успешно, но потоа пропаднале, за по неколку години повторно да изградат успешна приказна. Во продолжение прочитајте за десетте модни брендови кои направија голем камбек во модната сфера.

 

J. Crew

J. Crew  својата популарност ја стекна во деведесеттите години, но модната сцена започна да се интересира за овој бренд откако во 2008 година на чело дојде Џена Лионс која направи успешни колекции како спој на нејзиниот личен стил со принтовите и се претстави со колекција на модната недела во Њујорк. Од тогаш, женската линија на брендот е една од најпосакуваните за време на модните недели, а отворањето на нови продажни салони во Хонг Конг и Лондон се само доказ за успешната работа.

Шанел

Коко Шанел го отвора своето атеље во 1913 година, но прави пауза се до завршувањето на Втората Светска војна. На почетокот на педесеттите години, повторно го отвора атељето со голем камбек кој по долгата историја направи Шанел да биде една од најдобрите модни куќи во светот. Успешната работа на Коко ја продолжува Карл Лагерфелд, кој секако остава печат со својата работа и уникатен стил.

Балман

Пјер Балман го отвора својот бутик во 1949 година, но веќе во шеесеттите неговата популарност почнува да опаѓа. По неговата смрт во 1982 година, Балман го превзема Ерик Мортесен кој покрај напорите не успева да ја зголеми популарноста. До 1991 година, брендот беше продаден дури три пати. Во 1992 година, контролата ја превзема Оскар де ла Рента, но големо придвижување прави токму Christophe Decarnin. Сепак периодот на депресија придонесе брендот да апстинира од учеството на модните недели, се до 2011 година кога Olivier Rousteing беше одбран како наследниот на Балман,а тој вметна младешка нота во креациите како вистинско освежување на модната сцена. Денес голем број познати дами ги носат моделите на Балман, а меѓу нив се Бијонсе, Мајли Сајрус и Ријана.

Вионет

Основачката на брендот Маделин Вионет имаше голем број успеси и падови во градењето на брендот. Атељето го отвора во 1912 година во Париз, кое ќе мора да го затвори во 1914 година поради Првата Светска војна. По завршувањето на војната, таа се враќа на сцената во 1923 година, но тоа ќе трае до 1939 година се до почетокот на Втората Светска војна. Маделин умира во 1975 година не успевајќи да се прослави со својата работа. Сепак во 2009 година Rodolfo Paglialunga ги превзема работите во своите раце со тоа што почнува да ги облекува познатите ѕвезди за нивното претставување на црвените килими, а меѓу нив се Мадона и Кери Мулиган. Денес креативен директор на брендот е Goga Ashkenazi, а Вионет и понатамуја продолжува соработката со познатите дами.

Abercrombie & Fitch

Брендот во 1898 година го лансира David T. Abercrombie и на почетокот бил обичен продажен салон на Менхентен во кој се продавала ловечка опрема. Езра Фич, откупува дел од акциите на брендот и во 1904 година е назначена за коосновач, а во заеднички договор со основачот започнуваат да лансираат спортска опрема која добро се продава се до шеесетите години. Во седумдесеттите години тие прогласуваат банкрот. Во 1980 година брендот е откупен од страна на Limited brands и се до доцните деведесетти беше познат како бренд за тинејџери. Моментално Abercrombie & Fitch успешно егзистира на азискиот пазар.

Ланван

Додека Жан Ланван беше на чело на модната куќа, таа успеа да се прошири и во делот на детската, спортска ,машка и женска линија и аксесоари, а по неговата смрт во 1946 година доаѓа до стагнација. Ваквата ситуација трае се додека на чело на Ланван не застана Албер Елбаз кој го врати името на модната куќа на А листата на најпосакувани за славните личности.

Баленсијата

Кристобал Баленсијага својот прв продажен салон го отвора во 1918 година и постигнува инстантна популарност. Тој ужива во својата популарност како кутуриер, но по неговата смрт во 1927 година, славата на модната куќа почнува да опаѓа се до 1997 година кога на чело застанува Никола Гескер. Денес успешната приказна продолжува да ја води Александар Ванг, која неодамна го лансираше новиот парфем Б. Баленсијага.

Биркенсток

Откако Конрад Биркенстон ги дизајнираше првите влечки со влошка, брендот Биркенстон стана синоним за комфор. Вистината слава ја доживува во 70-тите години по проширувањето на американскиот пазар. Сепак иако нудеа комфор, овој модел на влечки се носеа само на места каде што нема да бидат приметени. Ваквиот статус остана се додека Фиби Фило не лансираше своја верзија на линијата  позната како „furkenstocks“

Кензо

Кензо Такада доживува голема слава во 70-тите години со отворањето на бутик во Париз, познат како „Jungle Jap“. По неговото пензионирање во 1999 година, доаѓа до опаѓање на популарноста се до 2008 година со доаѓањето на Антонио Марас на чело на брендот, но сепак вистинскиот камбек е дури во 2011 година со доаѓањето на Умберто Леон и Керол Лим и со враќањето на принтовите, од кои најголема популаризација постигна токму животинскиот принт.

Луј Витон

Луј Витон својот прв бутик го отвора во 1854 година во Париз и бил најпознат по создавањето на куфери. Но дури четири години по смртта на Луј со доаѓањето на неговиот син Жорж на чело на брендот започнуваат да се прават промени, пред се со формирањето на симболите ЛВ опкружени со цвеќиња, дијаманти и кругови. Во текот на наредните 160 години Витон успева да егзистира на пазарот, но својата популаризација како моден бренд ја доживува откако на чело на модната куќа застанува Марк Џејкобс, кој беше дел од оваа модна приказна цели 16 години. Денес на чело на модната куќа е Никола Гескер, кој ќе продолжи да ја негува традицијата на Луј Витон како вистински моден феномен.

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Стории