Како изгледаа познатите пред да станат планетарно славни?
•
6 август 2014
Долго време пред да бидат ѕвезди на црвените килими, да добиваат награди, да се сликаат за насловни страни на магазини и да имаат милиони фанови насекаде во светот, голем број славни личности меѓу кои се Тејлор Свифт, Џенифер Лоренс и Ченинг Тејтум беа модели за брендот Abercrombie & Fitch.
Фотографот Брус Вебер направи интересна кампања за брендот со фотографии од последните десет години, во која се вклучени и Стивен Р. Меквин, Колтон Хејнес и Криста Б. Ален. Погледнете како изгледале вашите омилени познати личности пред да станат славни, а и богати.