Топ 10 нови машки модели чии имиња треба да ги запомните

20 јуни 2014

Со завршување на машката модна недела во Лондон, шоуто се преселува во Милано каде викендов треба да започне машката модна недела. Во тој контекст, ви презентираме 10 машки модели кои се' почесто ќе бидат дел од модните ревии.

1. Бен Ален

Деветнаесетгодишниот Бен Ален со моделството започнува во 2012 година, односно ја отвори модната ревија на Прада за колекцијата пролет/лето 2013 година. Од тогаш има настапувано за Марк Џејкобс и Томи Хилфигер, а за време на модната недела во Лондон, беше дел од ревиите на Џонатан Сандерс и Ричард Никол.

2. Калум Вард

Со истакнати црти на лицето и нагласени кафени очи, Калум беше забележан на фестивалот Leeds, па по прифаќањето на понудата да биде модел, настапи на ревијата на Топшоп за пролетно/ летната колекција за 2015 година.

3. Кристијан Вилијамс

Со ширењето на гласините дека тој е новото момче на Линзи Лохан, цел свет е воодушевен од телесната мускулна градба на Кристијан Вилијамс. До сега има настапувано за Abercrombie and Fitch и Холистер, а на 23 годишниот модел му се предвидува блескава иднина.

4. Дејвид Валенси

Очекуваме интересни модни ангажмани за ова егзотично момче кое има мешано потекло од Јамајка, Египет, Шпанија и Франција. Дејвид бил забележан од модни агенти додека настапувал со танчарска група на West End Dancefloor.

5. Феликс Торнквист

Никој не би можел да остане рамнодушен на бебешката фаца на Феликс, со впечатливи веѓи и сини очи, а дополнително за предност во моделството, тој е висок 190 сантиметри.

6. Фен Шон

Британецот дефинитивно знае да привлече внимание со својот моторџиски стил и атлетско градено тело. Шон е дефинитивно едно од имињата кое во иднина почесто ќе го читаме низ модните магазини.

7. Грифон О’Шеа

Кариерата на ова момче е поврзано со интересна романтична приказна. Тој пред пет години ја запознава својата девојка модел, но по кратко време се разделуваат и губат секаков контакт за повторно да се сретнат на модна забава во Њујорк. Од тогаш се неразделни, а тој полека почнува да гради кариера на машки модел.

8. Марк Шулц

Французинот со впечатлив поглед дефинитивно е едно до најмаркантните лица во машкиот моделинг. Марк Шулц веќе стана познато име откако официјално ја отвори ревијата на Lee Roach во Лондон.

9. Раферти Лоу

Синот на Џад Лоу, 17 годишниот Раферти Лоу настапуваше на ревијата на DKNY во Лондон, а ние не се сомневаме дека популарноста на неговиот татко ќе му помогне да изгради успешна кариера на модел.

10. Шанг Ву Ким

Корејскиот студент по ликовна уметност со специфичниот изглед и висина од 182 сантиметри, Шанг Ву Ким реши покрај студиите да се занимава и со моделството, а бидејќи е во групата на топ 10 машки модели, се надеваме дека неговото хоби ќе го претвори во успешна кариера.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Сцена