Марк Џејкобс смета дека Кара Делевињ е џуџе

24 јуни 2013

Кејти Гранд, стилистката на Марк Џејкобс во 2012 ја ангажирала тогаш 19 годишната Кара за модната ревија на Луи Витон, но Марк Џејкобс не бил воопшто воодушевен од неа, поточно од нејзината висина од 176 сантиметри. Иако Кара поседува специфични црти на лицето, особено дебелите веѓи по кои е препознатлива, тоа не го спречило дизајнерот да ја праша Кејти – Што бара тука ова џуџе?

Иако не бил воодушевен од неа, сепак следната сезона манекенката била ангажирана за ревијата на Марк Џејкобс и Луи Витон, па дури позирала и во кампањата на Џејкобс „Protect the skin you are in“ и од тогаш стилистката Кејти постојано ја ангажира Делевињ како модел за магазинот Love.

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Актуел