Ова се номинациите за Британските модни награди

29 октомври 2013

British Fashion Awards 2012 - Awards Room

Британските топ модели Еди Кембел, Кара Делевињ и Сем Ролинсон се во трката за Модел на годината на годинешните Британски модни награди.

Британскиот моден совет ја објави листата на годишните номинирани на манифестацијата Британски модни награди, а она што е новитет е што тие се првпат достапни за публиката.

Церемонијата ќе се одржи на 2.декември, а влезницата е со почетна цена од 45 фунти. Сите што ќе си обезбедат место ќе можат да ги видат бројните познати лица од модната индустрија во живо.

А еве кој ќе се бори за престижните награди.

Дизајнер на годината за женска облека: Кристофер Кејн, Фиби Фило (Селин), Сара Бртон (Александар Меквин)

Дизајнер на годината за машка облека: Кристофер Бејли (Бурбери), Ким Џонс (Луј Витон), Том Форд

 

Бренд на годината: Александар Меквин, Бурбери, Викторија Бекам

Интернационален дизајнер на годината: Марк Џејкобс, Мучиа Прада, Раф Симонс (Диор)

Аксесоари: Дизајнер на годината: Ања Хиндмарк, Шарлот Олимпија, Николас Кирквуд

Red Carpet Award: Антонио Берарди, Ердем, Викторија Бекам

Модел на годината (унисекс): Кара Делевињ, Еди Кембел, Сем Ролинсон

Награда за талент (за женска облека): Маркес Алмеида, Симон Роша, Томас Таит

Награда за талент ( за машка облека): Agi&Sam, Кристофер Шанон, Крег Грин

Награда за талент (аксесоари): Доминик Џонс, Mr.Hare, Софија Вебстер

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Актуел