Запознајте ја една од највлијателните британски модни стилистки

20 јули 2013

Експериментите и спојот на неспоивото беа само почеток за Кејти, Образованието го продолжила во една од најдобрите модни школи во Британија – Централ Сеинт Мартинс. Кариерата ја започнува во 1993 година и тоа на изложба на нејзиното поранешно момче, фотографот Ранкин. Тие доаѓаат до идеја за создавање на магзинот Dazed & Confused а во неговото трето издание Кејти успева да го сними својот прв едиторијал и да ги демантира сите анти - модни политики. Потоа заминува да работи во магазинот The Face, станала главна уредничка на Pop во 2000 година, се до 2008 година.

 

Токму оваа година е пресудна за неа бидејќи со помош на издавачката куќа Conda Nast го лансира магазинот Love, кој благодарение на богатата содржина и контроверзните насловни успева да постигне голема заработувачка.Покрај водењето на сопствениот магазин, Кејти придонесува во публикациите за италијанскиот и јапонски Vogue, Visionaire, Big и е надворешен соработкик за Harper’s Bazaar.

Исто така, таа е и стилист за голем број модни брендови како што се Џорџо Армани, Хуго Бос, Келвин Клајн, Ланвин, Гучи, а е блиска пријателка со Марк Џејкобс и Мучиа Прада.

Тоа што Кејти ја двои од другите стилисти е што ја познава историјата на модата, за разлика од останатите кои не ја познаваат и не можат да разберат кога некој дизајнер ќе им објасни дека сака да рекреира фустан од 1917 година. Стилистката секогаш ги следи правилата на дизајнерите и начинот на нивно функционирање. За пример ги дава Марк Џејкобс и Мучиа Прада. За разлика од Мучиа која модните парчиња ги носи дента на ревијата и верува дека модата се случува денес, а не вчера, Џејкобс ја носи колекцијата шест дена пред ревијата и остава простор за комбинирање на парчињата, па потоа тој со својот тим одлучува дали е направен вистинскиот избор.

Кејти обожава да експериментира со модните парчиња, најголема инспирација и е Мучиа Прада, а за стилска икона ја смета покојната Изабела Блоу. Слаба точка и се чевлите на Азедин Алаја, а парите ги троши на облека, магазини, книги, чевли и теретана.

Денес 42 годишната Британка го живее својот сон. Иако работи напорно и без прекин сепак е задоволна од тоа што заработува за живот токму од тоа што најдобро знае да го прави, а секако тука е и банкарската сметка која од ден на ден е се поголема. Доколку еден работен ден за неа изнесува заработка од три до четири илјади фунти, тогаш можете да замислите колку заработува што секоја година околу 40 дена е ангажирана од модниот бренд, Луј Витон.

Објавено:
20 јули 2013
Категорија: 
Стории