На 53 годишна возраст на 17-ти јануари починал модниот дизајнер Питер Хидалго, американските медиуми денеска ја пренесуваат информацијата која го шокираше модниот свет.
Причината за смртта сè уште не е позната, но како што пренесуваат медиумите, тој починал во шелтер центар за бездомници на Менхетн каде што бил сместен привремено во очекување на дом со субвенционирање.
Во најблескавите моменти од неговата кариера тој соработувал со познати лчиности како Канје Вест и Ники Минаж.
Во 2010 година, тој бил еден од победниците во категоријата „Ѕвезда во подем" на модните награди што ги доделува Fashion group international.
Својот подем во модната индустрија го започнал кога се преселил во Њујорк во 1994 година кога почнал да работи во бутик во елитната област West Village на Менхетн, и имал голема дарба фантастично да ги декорира излозите со што неговата работа веднаш била забележана.
Неговите дизајни се препознатливи по класичната естетика и мајсторски изведениот крој.
Потекнувал од музичко семејство, односно неговиот татко бил професионален музичар.