Почина спортската икона Марадона

25 ноември 2020

Спортскиот свет тагува!

Вечерва низ светските медиуми одекна веста дека Диего Армандо Марадона, најдобриот аргентински фудбалер починал во 60-та година од животот.

Пред две седмици тој бил хоспитализиран и имал операција на хематом на мозокот. По операцијата бил пуштен на домашно лекување, но за жал не успеа да го преживее постоперативнот период.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, утринава тој доживеал и срцев удар, а медицинските екипи не успеале да го спасат.

Неговата кариера е проследена со врвни и легендарни успеси, но и со бурни времиња. На Тринаесеттото светско првенство во Мексико (1986), Марадона бил двостепен стрелец на натпреварите на Аргентина со Англија. И двата негови голови на тој натпревар и денес добро се паметат. Првиот гол Диего подоцна го нарекол Божја рака. Вториот е ремек-дело кое на многу ранг списоци е прогласен за најдобар гол на сите светски првенства

Светот изгуби голема спортска легенда...

 

Објавено:
25 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
286 пати