Дизајнерот Келвин Клајн изјави како смета дека Кендал Џенер не е вистинскиот избор на манекенка за најновата кампања на брендот, што секако предизвика реакции.
Тој додава дека нема целосна контрола над брендот, така што, не одлучува сам за тоа. Сепак, не крие дека не е голем обожавател на Џенер.
-Искрено, не сум многу запознаен со тоа. Сигурен сум дека таа е прекрасна млада жена, но тоа не е нешто што јас би го направил. Џастин Бибер пак, е добар избор – вели дизајнерот.
Клајн потенцира дека го нервира тоа што моделите денес се ангажираат според тоа колку следбеници имаат на социјалните мрежи.
-Кога велам дека ми се допаѓа тоа што Џастин Бибер е во кампањата на „Келвин Клајн“ тоа затоа што ми се допаѓа тој, а не затоа што има милиони следбеници на социјалните мрежи. Денес моделите се плаќаат врз основа на тоа колку луѓе ги „следат“. Не ги ангажираат поради тоа што одлично го претставуваат некој дизајнер, што е она што јас исклучително би го сакал, туку поради толпата што го следи. На долгорочен план, мислам дека тоа нема да донесе добри резултати. Исто така, сметам дека тоа не е добра формула за успех на производот што сакате да го продадете – искрен е дизајнерот.