Награда за посебни заслуги во модата за Сузи Менкес

29 ноември 2013

На претстојните Британски модни награди кои ќе се одржат идната недела, наградата за посебни заслуги во модата ќе и биде врачена на новинарката и модна критичарка Сузи Менкес.

Со тоа, 25 годишната кариера на новинарката ќе биде посочена како една од најзначајните во светот на модата.

Британската новинарка од 1988 година е моден уредник во весникот International Herald Tribune.

 

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Актуел