Факти за Ана Винтур кои не сте ги знаеле

27 јануари 2014

Ана Винтур и Дона Каран Ана Винтур и Дона Каран

Ана Винтур успеа да изгради толку јак статус во модниот свет што не е ни чудно што се крева толку голема фама околу неа, но сепак покрај тоа што ѓаволот носи Прада, има 9 факти кои не и се познати на широката јавноста.  А тие се:

1. Таа е главен уредник на американскиот Вог и заработува 2 милиони долари годишно

Според листата на магазинот Њујорк, Винтур за својата функција во Вог заработува 2 милиони долари годишно, а дополнително заработува од функцијата уметнички директор во Conde Nast.

2. Знае да танцува

Нека не ве лаже сериозниот изглед на Вунтур, бидејќи таа владее на подиумот, а според нејзината пријателка Барбара Амиел, Ана буквално знае да ја интерпретира личната сексуалност преку своите движења.

3. Добила отказ од Harper’s Bazaar

„Добивањето отказ е најдоброто искуство кое може да ви се случи“ – изјави Ана за магазинот Independent. Таа во 1975 година доби отказ од магазинот Harper’s Bazaar бидејќи на сликањето за модната недела на висока мода во Париз донела модели со суканици.

4. Сузи Менкен присуствуваше на прославата на нејзиниот 21 роденден

Пријателството со модниот критичар од Herald Tribune е всушност поврзано со нејзинииот татко Чарлс Винтур, кој беше уредник на London Evening Standard. Сузи Менкен дури во 2013 година изјави дека пријателството со Винтур потекнува многу одамна и дека била гостинка на нејзиниот 21 роденден.

5. Винтур беше уредник на магазинот House & Garden

Кога започна реиздавањето на магазинот, Ана беше донесена за да направи драстични промени кои целосно го променија концептот на House & Garden.

6. Таа навистина кажува – Тоа е се!

Писателот Мартин Филер изјавил дека Винтур го критикувала за некоја вест објавена во House & Garden, односно дека му кажала – „Употребуваш премногу придавки. Јас не сакам придавки. Тоа е се!“

7. Има син по име Чарли

Ќерката Би Шафер постојано и прави друштво на својата мајка на модните шоуа и годишната Мет Гала. Но синот на Винтур, Чарли не сака да ја жртвува својата приватност и токму затоа ретко се појавува на модни настани.

8. Нејзиното омилено јадење е авокадото

Не само што и е омилено јадење, туку го порачува дури и кога не е дел од менито.

9. Скоро 25 години ја носи истата фризура

Колку за доказ погледнете ја фотографијата направена во 1989 година

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Сцена