Најава за новата сезона на Cro A Porter

4 септември 2014

Од 1- ви до 4-ти октомври Хрватска ќе биде домаќин на новата сезона на Cro A Porter, а за несекојдневно доживување ќе бидат поставени хангар и авионска писта. Исто така, програмата ќе биде поделена на два дела и тоа први октомври ќе биде резервиран за проектот „Avantgarde“ и „Departure“ од втори до четврти октомври. Кампањата за модната недела ја потпишуваат фотографите Младен Шариќ и Фрањо Матковиќ. Пред објективот на Младен позираше манекенката Ана Лаура Капетановиќ, асоцирајќи на пакет кој треба да се испрати на одредена дестинација. За шминката се погрижи Тена Башиќ, а за косата салонот „Роза“.

Талентираниот фотограф  Фрањо Матковиќ за прв пат е дел од Cro A Porter и ќе биде задолжен за проектот „Avantgarde“, односно со фотографии направени во бекстејџ. Како дел од овој проект беше ангажирана моделот Антонија Солар со софистициран стајлинг од Марија Вјачкица, снимени за време на „Photo days“ во Ровињ. За мејкапот е заслужна Ивана Биланџија, а за косата Никола Блажинчиќ.

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Актуел