Најава за пролетно - летната кампања на Ботега Венета

2 јануари 2015

Фотографиите се сликани во Токио, а за потребите на снимањето беа ангажирани Саскија де Браун и корејскиот модел Сунг Јинг Парк. Иако легендарниот фотограф е познат по контроверзните фотографии  во кои преовладува еротиката, сепак за пролетната кампања на Ботега Венета, Араки покажа сериозност како што всушност и доликува за соработка со докажана и етаблирана модна куќа.

Креативниот директор на Ботега Венета, Томас Мајер за новата соработка вели:

„Араки има уникатен визуелен јазик, кој имав можност да го видам преточен во дело“.

Наскоро очекуваме повеќе фотографии од оваа интересна соработка за новата пролетно – летна кампања за Ботега Венета за 2015 година.

Објавено:
2 јануари 2015
Категорија: 
Актуел