Келвин Харис е новото заштитно лице на Емпорио Армани

18 декември 2014

Добитникот на Греми награда, Келвин Харис ќе биде заштитно лице на пролетно/летната кампања за модната куќа и дополнително ќе биде ангажиран за лансирање на новата колекција часовници и очила за сонце. Магазинот Форбс го рангираше Келвин во листата на најдобро платени диџеи и тој е првиот британски артист, кој има една милијарда прегледи на Sportify.

Фотографиите за кампањата се дело на Бу Џорџ, сликани во Лос Анџелес, а целосниот едиторијал официјално ќе биде објавен во јануари. „Келвин Харис е космополит, динамичен млад човек кој знае да ги спои луѓeто со својата музика. Тој не е модел и токму тој факт е пресуден за колекцијата поблиску да се доближи до обичниот човек“ – изјави Џорџо Армани за новата соработка.

Во последно време, актуелни се модните соработки со познати диџеи. Покрај Келвин Харис, диџејот Брендан Фалс е дел од празничната кампања на Banana Republic, а диџеј Авичи е дел од  кампања на Ралф Лорен.

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Сцена