Успесите не стивнуваат за британскиот диџеј Келвин Харис! Откако го прогласија за најдобар диџеј за 2014 година, тој потпиша милионски договор со модната куќа Емпорио Армани, а овие денови, конечно беше објавена и фотосесијата.
Веруваме дека на истата особено ќе се израдуваат девојките, со оглед на тоа што со неговото секси тело, тој дефинитивно ја потврди одлуката на брендот да го ангажираат за заштитно лице.
На фотографиите, британскиот диџеј носи модели од брендот од нивната пролет/лето колекција за 2015 година.
„Ова беше неверојатно искуство. Многу се радувам поради можноста да работам со господинот Армани и целиот негов тим. Ваквиот ангажман за мене не беше многу тежок, со оглед на тоа што јас отсекогаш ги сакам неговите парчиња и уживам во нив“, изјави Харис за WWD.
Џорџо Армани пак ја опиша соработката со диџејот како неверојатна, а него, како совршено згодно момче за неговите дизајни.
„Келвин Харис е вистински космополит! Тој е динамично младо момче способно да привлече маса на луѓе со неговата енергија и музика. Тој не е модел по професија, а тоа секако создава една поблиска врска со публиката“, изјави Армани за ангажирањето на Келвин Харис.