Најавено второто издание на „Прво па женско“

6 февруари 2014

Меѓународниот Ден на жената 8-ми март е поводот за одржување на мултимедијалниот настан насловен „Прво па женско“, во организација на Младинскиот Културен Центар. Настанот за прв пат се одржа минатата година, замислен како прослава на празникот на поинаквата жена. Лани програмата ја збогатија: музички концерти, работилници за накит, филмски проекции, настапи на ди-џеи, сите инспирирани од жената.

 

За да го запаметите датумот на одржување и за да биде дел од случувањето, организаторите речиси месец дена порано го најавуваат настанот во МКЦ. Инаку, најавата е со експлицитна содржина од фотографија на девојка која позира без долна облека. Наскоро, ќе бидат објавени и детали од годинешната програма на „Прво па женско“.

 

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел