Овогодинешните ревии за пролет 2023 пречекаа голем број на иманентни имиња од модната, филмската, музичката, како и бизнис индустријата.
Оние кои ги добиваат почените места во првите редови, покрај тоа што добиваат привилегија да уживаат во најдобриот поглед кон она што се случува на модната писта и да фаќаат забелешки за најавените идни трендови, од се очекува да изгледаат еднакво гламурозно како и самите модели.
Помеѓу највпечатливите и незаборавни моменти на ревиите изминатиов моден месец, може да се спомене и оној кога на презентацијата на Кристијан Сириано во Њујорк, која се одржа во поранешната градска куќа на Елизабет Тејлор, суперѕвездата Џенет Џексон се појави во црн комбинезон. Присутна беше и ѕвездата на „Clueless", Алиша Силверстон, која ја направи Шер Хоровиц горда во црн фустан со набраздени манжетни.
Еден ден претходно, презентацијата на Harlem Fashion Row, исто така, донесе неколку модни блесоци - актерката и продуцентка Иса Реј се појави во цветен мини фустан со потпис на Off-White, додека пак легендарниот Dapper Dan пристигна во еден од неговите препознатливи шилести костуми.
Во Лондон, Никола Кофлан се појави во храбар цветен фустан за ревијата на Ричард Квин. Во Милано пак, во првите редови на ревијата на Версаче седеа ѕвезди со гости како Ванеса Хаџенс, Нормани, Лили Џејмс и други - сите носеа облека во Y2K стил.
Последно во Париз, на ревијата на Сен Лоран се појавија имиња како Хејли Бибер, Зои Кравиц, Розе и други присутни во попрефинетите, елегантни вечерни креации на брендот.
Во прилог ви подготвивме галерија со фотографии од најдобро облечените гости на ревиите за пролет 2023.
Фото: Vogue