Најплатениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

6 јули 2020

Веројатно првата помисла кога ќе се спомене најскапо платен „инфлуенсер" на Инстаграм е или Кристијано Роналдо или членките на кланот Кардашијан, ако се земе во предвид дека тие секогаш биле на врвот претходните години. Но, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи „Хопер ејч-кју", сепак листата на најскапо платени „инфлуенсери" на Инстаграм ја предводи актерот Двејн Џонсон, што можеби за некои е изненадување.

Но, со оглед на информациите дека познатиот актер добивал и над милион долари за спонзорирана објава, со што тој ја надминал и Кајли Џенер, која наплаќа и до 986.000 долари за една објава, математиката е јасна.

Листата ја продолжуваат претходно споменатите Кристијано Роналдо, Ким Кардашијан, потоа Аријана Гранде, Селена Гомез, Бијонсе, Џастин Бибер, Тејлор Свифт, Нејмар, кои исто така имаат високи тарифи за нивните спонзорирани постови на Инстаграм.

Меѓу спонзорите на „The Rock" се и технолошкиот гигант Епл, производителот на спортска опрема Андер Армор и норвешкиот бренд за пакувана вода – Вос, каде што актерот има свој удел.

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
363 пати