Роналдо ѝ го честита роденденот на Џорџина со честитка од Бурџ Калифа

28 јануари 2022

Кристијано Роналдо одлучи  на својата девојкка Џорџина Родригез да ѝ го направи 28 роденден незаборавен.

Двојката со нивните четири деца е на роденденско патување во Дубаи, а на социјалните мрежи го споделија и специјалното изненадување. 

Имено, роденденска честитка за Џорџина се појави на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, која совршено се гледаше од ресторанот каде што познатото семејство беше на вечера.

Светлечката честитка чинела мало богатство, ако се земе предвид дека најниската цена за објава на реклама на кулата е околу 67.000 долари, а ова дефинитивно не беше мала честитка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Фудбалерот сподели видео од несекојдневната честитка, пишувајќи „Среќен роденден љубов моја“, додека пак, Џорџин објави повеќе фотографии и се заблагодари: 

„Вака заврши овој возбудлив ден. Немам зборови... Благодарам, благодаам и благодарам Кристијано, не можеше да ме направиш повеќе среќна на овој ден“.

Покрај овој уникатен подарок, на денот на нејзиниот роденден на платформата „Нетфликс“ беше објавен и нејзиниот биографски филм насловен „Јас сум Џорџина“ ( Soy Georgina).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Netflix España (@netflixes)

Инаку, таа е повторно бремена, а двојката овој пат очекува близнаци.

 

 

 

Објавено:
28 јануари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.285 пати