Едноставниот новогодишен џемпер доби неверојатно луксузна преобразба оваа година, благодарение на неверојатните брендови како што се Александар Меквин, Бурбери и Пол Смит.
За да соберат пари за организацијата „Save The Children“, вкупно 14 брендови ги здружија силите и креираа прекрасни празнични џемпери што ќе бидат ставени на аукција во рамки на годишниот Christmas Jumper Day на 13 – ти Декември.
Она што е интересно оваа година е тоа што најниската понудена цена победува. Некои од овогодинешните џемпери се рачно плетени и доработени од страна на самите дизајнери вклучувајќи ги и Вивиен Вествуд, Ања Хиндмарк, Мери Катранзоу и Метју Вилиамсон, секако со помош на Wool and the Gang.
Целата колекција џемпери ќе биде изложена во Вестфилд шопинг центарот во Лондон, почнувајќи веќе од 28 – ми месецов.